Фудбалерите се мои херои – коментаторот Тони Стојановски се подготвува за Букурешт и Амстердам – ММС
ММС

Објавено на: 05/22/21 10:21 AM

Фудбалерите се мои херои – коментаторот Тони Стојановски се подготвува за Букурешт и Амстердам

МТВ ги има правата за натпреварите на ЕУРО 2020 и од најавите, Првиот МТВ 1 и Третиот канал МТВ 3 ќе бидат резервирани за фудбалот. Коментаторот Тони Стојановски ќе биде дел од екипата, која ќе тргне низ Европа, за почеток, во Букурешт и Амстердам кога ќе игра македонската фудбалска репрезентација. Стојановски во Стадион на Канал 77 вели дека македонската нација ја очекуваат возбудливи неколку месеци.

-Замислете какво лето ќе биде ова за нашата нација. По фудбалското ЕУРО,  во септември одиме на Европско со одбојка, а потоа на Европското првенство во ракомет. Тоа е некоја храна за душтата на нацијата, што се надевам дека ке помогне да реши нешто. Фудбалерите се моите хероии, вели Стојановски.

Познатиот коментатор зборуваше за предизвиците за патување по земјен пат на екипата со целата опрема и границите пред нив во време на пандемија и почитување на правилата за патување. Стојановски рече дека репрезентацијата покажа дека подобро игра пред празни трибини, но сепак навивачите ја прават атмосферата.

-Сигурно тоа влијае, секогаш им е подобро на фудбалерите пред публика, макар и пред туѓи навивачи. И за нас е подобро, некако преносот оди сам, влегувате во таа атмосфера, станувате дел од тој настан, се отвора умот. Фаворити на ЕУРО се оние што секогаш се фаворити – Франција, Германија – од нив не очекувам многу, Италија –  со младата репрезентација. Имам фаворит – тој е еден и се знае кој е. Се надевам во иднина што почесто ќе имаме прилика да бидеме дел од вакви настани, вели Стојановски.

Сите натпревари ќе одат во живо и на Првиот и на Третиот канал на јавниот сервис. На Првиот со отворена програма со линкови до Букурешт и Амстердам. Коментаторска екипа, во која е и Тони Стојановски ќе биде присутна на стадионите каде игра македонската репрезентација, додека програма во живо се планира и од градовите низ Македонија.

Што се однесува до прогнозите, Стојановски посакува влез во втрата фаза.

-Претпоставувам дека ќе има максимална подготовка. Ја заслуживме почита на противниците. Мислам дека можеме фудбалски да играме, имаме зрела репрезентација, Успех за нас ќе биде еден бод, едно реми, ќе држи игра до Амстердам, изјави Стојановски во Стадион.

фото:ФБ