Повредата нема да го спречи репрезентативец Илија Несторовски да биде на Европското првенство во фудбал, ЕУРО 2020. Селекторот Игор Ангеловски, кој е гостин во емисијата Стадион на Канал 77, потврди дека заминуваат со Илија.
-Оптимален е список на фудбалери со кои ќе настапиме, за жал, недостасува Несторовски, но Илија ќе биде со нас за време на ЕУРО, бидејќи работеше напорно во изминатите пет години заедно со нас, изјави Ангеловски.
Селекторот беше прашан која репрезентација ќе биде победена од нашата.
-Постoјано им зборувам на играчите, без ралзика со кој играме, играме за да победиме. Влегуваме со една цел да го добиеме натпреварот. Да победиме барем една од трите репрезентации. Доволни се три бода за втор круг. Ја поставив целта да ја поминеме групата, сметам дека овие фудбалери имаат квалитет за победа, вели селектрот во емисијата Стадион.