Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Битола, во с.Мусинци, битолско ги лишиле од слобода В.А.(21), Г.А.(28) и В.А.(26), информираат од МВР.
По претходно издадена судска наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Битола бил извршен претрес во нивниот дом и биле пронајдени стебла со канабис и околу 1000 семки од канабис.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.