Mинистерката за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот на министерот за надворешни работи на Поругалија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување Оловер Вархеји покажува дека ЕУ презема засилен, видлив и конкретен ангажман околу Република Северна Македонија и за деблокирање на нејзината евоинтеграција.
Таа во гостувањето во Само интервју на Канал 5, рече дека можат да се препознаат две добри работи – дека ЕУ активно се ангажира и дека ќе се почитува принципот идентитетските прашања да не се дел од преговарачката рамка.
Според неа, позитивно е што работите се придвижуваат, затоа што би било лошо да има статус кво и на тоа да се навикнеме и ние и ЕУ. Истакна дека и покрај ниските очекувања, се покажа дека португалското претседателство со ЕУ, сепак, е фокусирано на Балканот и на проширувањето.
Поддршката за старт на преговорите, посочи Шекеринска ја покажува и тоа што огромното мнозинство од 26 земји во ЕУ се за отворање на преговарачкиот процес со С Македонија, а од друга страна само Бугарија е против.
– ЕУ покажува и дека останува доследна на принципот дека на идентитетските прашања не им е местото во преговарачката рамка и во процесот на преговори. Тоа е пронцип кој треба да не радува, рече Шекеринска.
– Очигледно е дека во Бугарија не се многу среќни со предлогот. Мислам дека и затоа го пуштија во јавноста, да му ги сосечат нозете, рече Шекеринска.
Според неа, работите се уште се далеку од завршени, но радува што ЕУ се ангажира да се дојде до решение.
МИА