Фајзер и Бионтек ветија денеска дека ќе испорачаат една милијарда дози вакцини против КОВИД-19 во сиромашните земји оваа година и уште една милијарда следната година.
Компаниите Фајзер и Бионтек се обврзуваат дека ќе обезбедат две милијарди дози од своите вакцини против КОВИД-19 во земјите со среден и низок приходи во следните 18 месеци, и тоа една милијарда до крајот на оваа година“, рече извршниот директор на „Фајзер“ Алберт Бурла на Светскиот самит за здравство Г20, пренесува Ројтерс.
Бурла рече дека на земјите со ниски примања вакцината ќе им биде понудена по набавна цена, додека земјите со средни приходи ќе плаќаат приближно половина од целосната цена, што се проценува на 20 долари по доза.
После оваа изјава, компаниите објавија дека Фајзер и Бионтек допрва треба да одлучат дали нивната нова обврска ќе биде имплементирана преку програмата на ООН за вакцини COWAX и дека не можат да го потврдат тоа во овој момент.
Ова ветување може значително да ја реши нерамномерната дистрибуција на вакцините против КОВИД-19 низ целиот свет, кои досега беа во голема мера продадени на побогатите земји.
Извор:Нова.рс