Значително потопло време и претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер не’ очекува за време на викендот, најавија од УХМР.
Според нивното најново соопштение, утринските температури ќе се движат од три до 16 степени, а дневната 19 до 29 степени утре, 25 до 33 степени во недела и 27 до 34 степени во понеделник.
Вакви температури следат и во наредните денови до вторник, од кога ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи во попладневните часови.
Фото: Илустрација / Designed by Freepik


