Илјадници Палестинци го поздравија договорот за прекин на огнот – ММС
ММС

Објавено на: 05/21/21 10:47 AM

Илјадници Палестинци го поздравија договорот за прекин на огнот

Палестинците кои живеат во Источен Кудс (Источен Ерусалим) се собраа на утринската молитва (сабах намаз), во комплексот на Џамијата „Ал Акса“ и го прославија договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас , јавува Агенција Анадолија (АА).

Илјадници луѓе, кои стигнаа до „Масџид ал Акса“, изговараа текбири кај капиите на Стариот Град. Тие носеа и палестински знамиња и салутираа на бригадата „Изедин ал Касам“, военото крило на Хамас. Палестинците по утринската молитва фрлаа и огномет.

Слични прослави беа организирани и во Рамала и на Западниот Брег, како и во Појасот Газа.

Израел договори прекин на огнот со палестинските групи на отпорот во Газа, кој стапи на сила рано утрово.

Во израелските напади врз Газа од 10 мај загинаа 232 Палестинци, од кои 65 деца и 39 жени.