Домашен сладолед од јагоди – совршено освежување кое стои и до една недела – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/21 10:41 PM

Домашен сладолед од јагоди – совршено освежување кое стои и до една недела

Потребни состојки:

400 мл слатка павлака

1/8 лажичка сол

2 јајца

150 гр шеќер

450 гр сецкани јагоди

Половина лажичка сок од лимон

Слатката павлака и солта во сад ставете ги да се зготват на оган, а потоа тргнете ги од огинот.

Во посебен сад изматете ги јајцата со половина шеќер, па додадете го топлиот крем, истурете го полека со непрекинато мешање.

Вратете г садот и гответе на ниска температура, не дозволувајте да загори.

Гответе со постојано мешање, додека не се згусне.

Оладете го филот на собна температура и повремено мешајте, најмалку два часа.

Додека се лади филот, во блендер изматете ги јагодите со преостанатиот шеќер и сок од лимон, додека не се изедначи.

Смесата процедете ја и ставете ја во изладениот фил, па измешајте.

Ставете го сладоледот во саканиот сад и ставете го во замрзнувач.

Извор: Стил.курир.рс/Фото:Shutterstock