На седум лекари им се заканува затворска казна поради лекувањето на Марадона – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/21 9:36 PM

На седум лекари им се заканува затворска казна поради лекувањето на Марадона

Како што пренесува ЕСПН, покренато е обвинение против седум лица поради неадекватно лекување на Диего Армандо Марадона.

Мадона почина минатиот ноември на 60 години поради срцеви проблеми и компликации, а аргентинските обвинители отворија истрага брзо после неговата смрт, вклучувајќи налог за претрес на имотот на неговиот личен доктор и истрага на други лица кои биле вклучени во неговата нега.

Долго Марадона имал проблем со алкохолот и дрогата, се лечел и се враќал на пороците, а во ноември имал операција на мозокот.

После тоа дошло и до лекување и до смрт, а во март се состанал лекарскиот одбор кој го именувал Министерството за правда за да ги анализира наводите дека членовите на здравствениот тим на Марадона не се однесувале примерно кон него.

-Акцијата на здравствениот тим составен за лекување на Марадона била неадекватна, дефицитарна и промашена, се наведува во извештајот на лекарската комисија од 30.април, која на Ројтерс ја покажал извор близок на истрагата.

Во извештајот се наведува дека Марадона сериозно се разболел околу 12 часа пред смртта, околу пладне на 25 ноември.

-Тој покажал недвосмислени значи на продолжен период на болка, па заклучивме дека пациентот не е соодветно следен од 00:30, 25 ноември 2020 година, се наведува во извештајот.

Обвинителството поднесе обвиненија пртив неврологот Леополд Лук, кој го оперирал Марадона две недели пред смртта, потоа психијатарот Агустина Косачов, психологот Карлос Анхел Дијаз, Ненси Форлини (докторка која го координирала домашното лекување на поранешниот ас), медицинската сестра ДахијанаЖизел Мадрид, медицинскиот техничар Рикардо Омар Алмирон и Маријана Перонија, којабила координатор на двајцата претходно споменати медицински работници.

Тие се соочуваат со затворски казни од осум до 25 години, па дури се обвинети за убиство со умисла.

Извор: Нова.рс