Нишањето на облакодерот во кинескиот град Шенжен веројатно е предизвикано од комбинација на ветрови, линии на подземната железница и промена на температурата, според прелиминарните анализи пренесени од локалните медиуми.
Облакодерот СЕГ Плаза, висок скоро 300 метри, започнал да се ниша во вторникот попладне, што предизвика паника и евакуација на луѓето внатре во зградата, додека пешаците со ужас ја следеле целата ситуација, пренесува британскиот весник „Гардијан“.
Немаше земјотреси во областа, а локалните власти соопштија дека инженерите не откриле никакви безбедносни проблеми во зградата или околината. Нивото на поместување не ги надмина границите предвидени со законите за градба, пренесува Танјуг.
Кинеските медиуми објавија дека прелиминарната истрага, потврдена од Одделот за управување со вонредни состојби во провинцијата Гуангдонг, открила дека флуктуацијата е вертикална, а не хоризонтална и е предизвикана од комбинација на ветрови, две подземни железнички пруги под зградата и потопло време.
Тоа е 18-тата највисока зграда во Шенжен, според податоците на Кинескиот совет за високи згради.
Уривањето на зградите не е ретко во Кина, каде лабавите градежни стандарди и урбанизацијата доведуваат до забрзана градба.
https://www.youtube.com/watch?v=mljKJPEOYxE
Извор: Нова.рс