Поранешната пејачка Дуња Илиќ пред извесен период почнала да ги распродава своите работи на Инстаграм, а сега продолжи да го прави тоа.
Покрај облека, таа на Инстаграм продава и очила за сонце и разни ситници.
Овој пат имала специјална понуда, секој пар чевли кои ги распродава чинат десет евра.
-Купете ги овие сандали, само десет евра барам за нив, порача поранешната пејачка.
До пред неколку години Дуња уживала во луксузна вила во Белград, имала личен возач и секојдневно трошела илјадници евра. После банкротот на нејзиниот татко, побегнала од земјата и живее во странство.
Извор: Блиц.рс