Кипар денес ја додаде кинеската вакцина Синофарм на листата на одобрени вакцини за влез во земјата. Оваа одлука стапува на сила в петок – се наведува во соопштението од кипарското Министерство за сообраќај.
Островот дозволува влез за сите патници без оглед на националноста, под услов да имаат важечка потврда за вакцинација од членките на ЕУ, но и некои други држави меѓу кои Исланд, Лихтенштејн, Норвешка, Швајцарија, Израел, Русија, Арапските Емирати, Саудиска Арабија, Велика Британија, Украина, Либан, Египет, Белорусија, Србија, Катар, САД, Ерменија, Грузија, Канада и уште неколку други.
Патниците од овие држави ќе бидат изземени од задолжителното тестирање и карантин. Потврдите за вакцинација се сметаат за важечки доколку патникот примил една од вакцините одобрени од Европската агенција за лекови – Фајзер, Модерна, АстраЗЕнека, Џонсон и Џонсон, Спутник В или Синофарм, а при тоа е поминат потребниот број денови помеѓу примањето на втората доза и заминувањет за Кипар . Исто така, сите патници се обврзани електронски да пополнат пропусница на CyprusFlightPass 24 часа пред летото.
Кипарските власти се уште немаат соопштение дали во врска со влегувањето на Кипар без ПЦР тест за оние кои се ревакцинирани со кинеската вакцина. За нив не се знае дали ќе може да допатуваат седум дена по добивањето на втората доза, или пак како и за оние кои се вакцинирале со Џонсон и Џонсон која се дава само во едн доза, ќе биде неопходно да поминат 14 деца од комплетната вакцинација.
Фото: Илустрација / Designed by Freepik
Извор: telegraf.rs