Ревакцинираните од Македонија можат да патуваат во ЕУ – Брисел ги ублажи критериумите за влез на граѓани од трети земји – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/21 2:53 PM

Ревакцинираните од Македонија можат да патуваат во ЕУ – Брисел ги ублажи критериумите за влез на граѓани од трети земји

Советот на Европската унија денес ја усвои препораката за укинување на ограничувањата за патување во ЕУ за ревакцинираните против Ковид кои доаѓаат од трети земји, но примената на овој пропис зависи од земјите членки поединечно.

Препораката се однесува на прифаќањето на дигиталните сертификати на третите земји. Во Брисел велат дека препораката ќе стапи на сила утре, а нејзината примена ќе зависи од секоја членка поединечно.

„Земјите членки треба да ги олабават рестрикциите за неважни патувања за граѓаните од третите земји кои ја примиле последната препорачана доза на вакцина одобрена од ЕМА најмалку 14 дена пред доаѓањето. Земјите членки може да ги укинат рестрикциите и за патниците кои најмалку 14 дена пред влезот ја примила втората доза која СЗО ја одобрила са итна употреба“, стои во соопштението на Советот на ЕУ.

Според новите правила, прифатливиот број на случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во текот на последните 14 дена е зголемен од 25 на 75.

Напредокот во вакцинирањето против вирусот е препорачан како критериум за ставање на третите земји на „зелената листа“ за патување во ЕУ, но и понатаму ќе се применуваат критериуми како опаѓачки тренд на бројките, бројот на тестови, стапката на позитивност и вкупниот одговор на Ковид-19.

Советот на ЕУ им препорача на членките до усвојувањето на уредбата за признавање на дигиталните зелени сертификати би требало да ги прифаќаат сертификатите на третите земји кои содржат барем минимум податоци во склад со националното законодавство.

 

Извор: Mondo.rs