На денешната прес-конференција Унијата на Здружението на медициски сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри пред новинарите го искажаа своето незадволство од институциите поради непризнавањето на високото образование во болниците.
Претседателката на здружението Гордана Бешлиовска вели дека поради пандемијата многу проблеми испливале на површина, но најмногу нив што ги погодува е тоа што медицинските сестри немаат доволен третман според високото образовнание.
– Унијата на здруженијата во сета оваа ситуаијата со пандемијата малку се одваживме со тоа што требаше да го работиме, да помогнеме на пациентите кои беа во болниците и за многу наши проблеми не зборувавме во интерес на наше единство и на она што не носеше за да се вклучиме во лекувањето на пацентите. Меѓутоа пандемијата исплива големи проблеми на површина и меѓу другото повеќегодишниот проблем е непризнавањето на високото медицинско образование на медицинските сестри, вели таа.
Во земјава има четири образовни институции каде сестрите се запишуваат за да се доусовршат во својата струка, но за жал дипломата никој не ја признава.
– Во четри образовни институции во земјава се образоваат високо образовани медициснки сестри. Секоја од институциите упишува секоја година околку 60 редовни студенти и дополнителен број на вонредни студенти што значи дека во четирите образовни школи има околу 400 нови образовани секоја година. Студиите се три години, можеме да кажеме во просек дека од 1.200 до 1.500 медицински сестри во моментов имаме со високо образование. Сите тие кога ќе се вратат назад во болниците не се препознаени од институцијата како високо образовани сестри и ги имаме незадоволствата во неколку нивоа, објасни Бешлиовска и додаде:
-Оние кои не се образуваат со соодветното медицинско училиште и одат во високите школи воопшто не се конкурентни за вработување, бидејќи сите конкурси за вработување се распишуваат за сестри со средно стручна спрема. И тие медициски сестри кои имаат дипломирано веднаш одат во Агенцијата за вработување, како невработени и од таму е таа бројка со која што излеговме ние и ви кажавме дека имаме голем број медицински сестри невработени, а тоа се сестри со високо образование, со несоодветно средно кои не можат да бидат вработени во болниците со високо образование, вели таа.
Бешлиоска на прес конференцијата рече дека друга категорија се студенитите кои се внатре во болниците и голем број од нив на индивидуални сопствени начини успеваат да им се признае образованието. Токму тука, како што објасни таа, расте револтот кај другите, бидејќи нема законска рамка, законска регулатива врз која основа веднаш ќе им се признае високото образование.
Бешлиоска објасни и дека има медицински сестри, кои успеале да го сменат својот статут во образованието, на нив им се зголемува платата, но и покрај тоа одговорностите им остануваат исти.
– Треба да има регулирање, кога ќе ми се признае високото образование со закон и кога ќе ја добијам потребната финасиска награда. Треба да ги добијам и одговорностите како сестра со високо образован ие. Од тука растат многу нездаволства, бидејќи и сестрите со средна стручна спрема и сестрите со високо образование исто работат, а на први земаат различна плата, посочи Бешлиовска.
Исто така таа рече и дека на медицинските сестри кои биле во Ковид одделенијата не им било дадено ниту еден денар, а во регинот на медицинските сестри платата им била зголемена за 50 проценти. Колку за пример Бешлиовска го посочи проимерот во Словенија, каде медицинска сестра прогласиле за личност на годината.
(В.П.)


