Од Антарктикот се отцепи најголемата санта мраз на светот – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/21 2:23 PM

Од Антарктикот се отцепи најголемата санта мраз на светот

Европската вселенска агенција (ЕСА) информираше дека санта мраз со површина од 4.320 квадратни километри се откачила од леденото поле Рона во северозападниот дел на Антарктикот.

Во текстот објавен во списанието „Њу сајантист“ (New Scientist), ЕСА наведува дека отцепената санта мраз е во форма на прст и дека во моментот претставува најголемата лебдечка санта мраз што плови на Земјата.

Ледениот брег, наречен А-76, е снимен од сателитот „Коперникус сентинел-1“ (Copernicus Sentinel-1) на ЕСА.

Ледениот брег, кој за првпат беше откриен од страна на британското истражување на Антарктикот, е со површина од околу 3.640 квадратни километри и е поголем од светски познатиот шпански туристички остров Мајорка.

Од друга страна, научниците имаат различни ставови за тоа дали отцепувањето на ледениот брег се должи на глобалното затоплување или не.

Алекс Бризбрн, истражувачот на глечери дел од британските истражувачи на Антарктикот, изјави дека областа каде што се откачил ледениот брег не е еден од регионите што претрпуваат големи промени поради глобалното затоплување, туку дека отцепувањето е дел од природниот циклус.

Во јули 2017 година, леден брег од 5.800 квадратни километри се оддели од ледената плоча Ларсен Ц во западниот дел на Антарктикот. Со сателитски снимки беше забележано дека ледената маса, наречена А-68А, заведена како најголема пловечка санта мраз во светот, се распаѓа при своето движење. На последните снимки се забележува дека површината на ледениот брег А-68А е намалена на 4.200 квадратни километри.