Министерството за одбрана денеска соопшти дека е објавен Јавен оглас за прием на нови 100 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.
Рокот за пријавување на кандидати е 15 дена, вклучувајки го и денот на објава.
Условите за пријавување се следни:
– да бидат државјани на Република Северна Македонија;
– да имаат завршено средно образование;
– да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и
– да се здравствено и физички способни.
Идните професионални војници ќе земаат почетна плата над 25.000,00 денари со дополнителни над 8.000,00 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на 4 години служба во Армијата – информираат од МО.
Кандидатите за професионални војници пријавата може да ја поднесат на неколку начини:
– по електронски пат заедно со потребните документи на javenoglaspfv@mod.gov.mk;
– до Одделението за одбрана во местото на живеење, со приложување на потребните документи.
При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите за прием.