Како со 20 денари се станува милионер? Играј за 7-ка вредна 35 000 000 денари! – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/21 12:27 PM

Како со 20 денари се станува милионер? Играј за 7-ка вредна 35 000 000 денари!

Комерцијална објава

 

Што би можеле да направиме за 20 денари? Било кој од нас што има 20 денари во паричникот, речиси и да не ги забележува, бидејќи не вредат за ништо. Така барем мислиме. Никој од нас не би помислил дека со 20 денари може да стане милионер. Иако звучи неверојатно и како на сон, сепак, такво нешто е возможно. Возможно за сите кои имаат среќа? А среќата, не џабе велат дека сама не доаѓа туку треба да се побара.

Затоа ако вашиот сон е да станете милионер, тогаш треба да ги забележите клучните 20 денари и место во касичка со нив да уплатите лото и да си ја чекате среќата.

Овој период шансите за неверојатна среќа се многу големи. Затоа верувајте дека со уплата на само 20 денари, за една лото-комбинација,  имате еднакви шански да добиете седумка вредна над 500 000 евра? А половина милион ерва и тоа како може да го смени животот.

Оваа е голема шанса и никако не смееме да бидеме како човекот од вицот, кој му се молел на Господ да му помогне да добие седумка на лото, а не играл, па Господ му рекол: „Како да ти помогнам кога треба да играш за да добиеш“! Значи само оние што играат може и да добијат.

И ако на било што можеби ќе заборавите, на убавата  водителка – Марјана Станојковска никако нема да заборавите, таа во секоја лото-емисја, секоја среда и сабота на „Канал 5“ телевизија од 20 часот со насмевка ги соопштува убавите вести- кој е следниот среќник, следниот милионер.

Во моментов, популарната 7-ка расте со неверојатна брзина. Веќе е над 35 000 000 денари, а што според податоците на Лотарија е рекордна 7-ка во последните близу 12 години. Доволен предизвик за сите љубители на игрите на среќа.

Лото, секако, е најомилената игра на среќа, кај нас. Многумина ја играат за добивки, други само за забава, а повозрасните како навика и ритуал. Се чека среда и сабота со Маријана да се споделат најубавите мигови, а тоа се изборот на бројчињата за учество, потоа очекувањето и надевањето. При изборот на „среќните бројчиња“, некои веруваат во броеви од родендени и важни датуми, некои се потпираат на нумерологијата. Едни, од коло во коло, ги комбинираат и менуваат бројчињата, други постојано ги играат истите, трети, апк, набрзина бараат 0компјутерот да им ги одреди. Кој како сака така прави, на кој како му е поинтересно. Но, едно е најважно- фондот расте како што расте и уплатата.

Од Државна Лотарија, дозаваме дека ја чекаме 25-тата 7-ка по ред.  Во богатиот историјат премии, првата 7-ка е постигната во Битола, а првата Џокер премија во Делчево. Минатата година (2020), дотогаш, рекордна 7-ка во вредност од 31.165.143,00 денари, израдува семејство од Битола, а во 2019 на 7-ки се радуваа во Кавадарци и Кичево. Од Државна лотарија дознаваме и дека од почеток на приредување на играта на среќа Лото, популарната 7-ка (со вренодт не помала од 6 000 000 денари и не поголема од вредноста на минатогодишната  7-ка ) досега ги посетила Свети Николе, Неготино, Тетово, Кичево, Кавадарци, Струмица, Куманово (двапати), Битола (петпати) и Скопје (единаесет пати) . Среќната приказна на лото 7-ките започнала во Битола, со првата премијата од 1.173.081,00 денари, постигната на 9 мај 2011та година.

Не само лото-премиите туку и добивките за помалите категории, како и џокер-премиите, на сите добитници им помогнаа да си остварат поголем дел од своите желби, планови и соништа.

И на крајот повторно доаѓаме до невидливите 20 денари, колку што чини една лото-комбинација, а која може да  станете добитник на над 34. 000 000 денари.

Со 20 денари  уплатата може и да ја направите онлајн преку www.loto.mk.  И доколку среќата ви се насмее, кажете ни, споделете со нас а ние ќе ја споделиме вашата среќа. А со среќата никогаш не се знае. Како и со тоа што носи животот…