Новиот директор на Македонската опера и балет (МОБ), Васо Ристов има неколку активни платени позиции, како професор и селектор. Во Македонија предава на три универизитети и на уште два во Косово. Продекан за настава е на Факултет за музичка уметност во Скопје, на УКИМ, предава и на Тетовскиот универзитет, а од 2012 година е професор по труба на Универзитетот „Гоце Делчев“ на Факултетот за музичка уметност. Асоцијативен професор е на Приштинскиот универзитет и визитинг професор на факултетот во Митровица во Косово. Од март оваа година е музички селектор на фестивалот Охридско лето.
Ристов не е единствениот функционер, кој врши по неколку функции. На луѓето кои имаат повеќе функции и стигнуваат сегде, оваа актулена власт имаше бројни забелешки додека беше во опозиција. Особено на именувањата на едни исти луѓе по богато платените членства во управните тела. Сега, се чини, се прифати старата практика.