Во сабота ќе се прска против комарци во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/21 11:38 AM

Во сабота ќе се прска против комарци во Скопје

Во сабота на 22.05.2021, ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци, а на 24.05.2021 ќе се освива терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци, информираат од Град Скопје.

Авионската дезинсекција на подрачјето на главниот град, против возрасни форми на комарци ќе се одвива во сабота и недела во раните утрински часови, додека пак терестричната дезинсекција на подрачјето на градот ќе започне во понеделник на 24.05.2021 и е трае до петок, 28.05.2021, во период од 22 до 03 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.