(видео) „Пријатели“ со трајлер и најава за емитување на специјалот – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/21 8:55 AM

(видео) „Пријатели“ со трајлер и најава за емитување на специјалот

Точно една година го чекавме специјалот за култната серија „Пријатели“. Причината е, се разбира, пандемијата, која го попречи и оддолжи снимањето.
Сега се’ е подготвено и по една недела (27 мај) на ХБО макс ќе ја видиме специјалната епизода, во чиј пресрет излезе трајлерот. Во него ги гледаме шестте пријатели како се враќаат на сцена во двата стана, каде се одвива дејствието. Според најавата, актерите ќе го причитаат сценариото, но ќе потсетат на многу заплети и случки во текот на снимањето.
По гледањето на трејлерот, некои побрзаа со коментари за изгледот, главно на машкиот дел од екипата и количините на ботокс и килограми што можат да се забележат на прв поглед.

фото:Instagram
видео:Youtube