Почина внукот на застралниот Камбер Идризи по еднонеделна борба за живот – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/21 8:03 AM

Почина внукот на застралниот Камбер Идризи по еднонеделна борба за живот

Почина 24-годишниот Ергин Исени, кој беше тешко повреден во инцидентот на 12 мај во Бутел, Скопје, по една недела откако беше застрелан.

Вооружениот судир се случил вечерта на 12 мај во Бутел, каде на лице место бил убиен 43-годишниот Камбер Идризи, додека неговиот внук Ергин Исени, кој  бил со него во возилото,  беше тешко повреден и починал вчера во болница, јавува Алсат М.

Како што веќе пишувавме, повеќе од 80 куршуми биле испукани кон возилото на 43-годишникот таа ноќ, од кои шест биле испукани од 24-годишниот Исени.

Камбер Исени почина пред да стигне во болница.

Семејството на Ергин Исени го загуби својот втор син. Пред неколку години и другиот брат загина во битките на далечната Сирија.

 

извор: АлсатМ