Сонцето што утрово не се појави нема да не радува цел ден. Од УХМР велат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Скооро во цела држава, освен на југ, ќе има слаб дожд, со ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.
Во Скопје исто така се очекува да биде облачно со повремен дожд и ветер и со температура до 21 степен.
УХМР најавува дека и утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со посилен северен ветер.
Затоа, пак, за оние кои планираат да уживаат во викендот стигнуваат убави вести. Времето ќе биде претежно сончево и топло.


