После дожд доаѓа сонце – Два дена со чадор, а потоа убав викенд – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/21 7:16 AM

После дожд доаѓа сонце – Два дена со чадор, а потоа убав викенд

Сонцето што утрово не се појави нема да не радува цел ден. Од УХМР велат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Скооро во цела држава, освен на југ, ќе има слаб дожд, со ветер од западен и северозападен правец. Максималната  температура ќе достигне до 25 степени.

Во Скопје исто така се очекува да биде облачно со повремен дожд и ветер и со температура до 21 степен.

УХМР најавува дека и утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со посилен  северен ветер.

Затоа, пак, за оние кои планираат да уживаат во викендот  стигнуваат убави вести. Времето ќе биде претежно сончево и топло.