Ресторан за хамбургери тврди дека создале хамбургер кој предизвикува породување
Се работи за ресторанот Субурбан во Минесота кој храбро тврди дека трудниците кои ќе го изедат овој специјален хамбургер ќе се породат во рок од 24 часа. Според нивните тврдења, благодарение на хамбургерот е „предизвикано“ 31 породување, а една од жените кои родиле на тој начин е и косопственичката на ресторанот.
„Волшебниот хамбургер“ содржи говедско месо Ангус, карамелизиран кромид, зачинет баварски сенф, сос од раџулада и сланина исушена на мед.
Се започнало кога сопстевниците на семејниот бизнис во 2019 година одлучиле да учествуваат во натпревар за најдобар хамбургер. Келси Берсет, која е сопстевничка на ресторанот заедно со нејзината мајка и сестра, во тоа време била бремена и јадела од хамбургерот. Само шест часа подоцна добила контракции и така нивниот хамбургер го добил името „Labour Inducer“.
View this post on Instagram
Благодарение на необичното име, од тогаш привлекуваат голем број трудници во својот ресторан, а бројот на жени кои се породиле не долго после конзумација на хамбургерот се искачил на 31.
Секако позади тоа не постои никаков доказ, па многумина веруваат дека бројот на жени кои родиле после конзумацијата на овој хамбургер расте исклучиво затоа што станува збор за жени кои се во поодмината бременост, па во секој случај набрзо би се породиле, пренесува Индепендент.
Извор: Индекс.хр