Колку чини место во вселенското летало на Џеф Безос? – ММС
ММС

Објавено на: 05/19/21 9:19 PM

Колку чини место во вселенското летало на Џеф Безос?

Блу ориџин, приватна ракетна компанија на Џеф Безос соопштила дека моментално најголема е понудата за место во вселенското летало на Њу Шепард 2,4 милиони долари.

Компанијата рекла дека примила повеќе од 5.200 понуди од 136 различни земји во првиот круг од наддавањето, а најголемата понуда не е откриена додека кругот не заврши, пренесува Индекс.

Вториот круг почнал со првобитна понуда од 1.4 милиони долари, споре податоците од веб страната Блу ориџин. Процесот ќе трае до 10 јуни и ќе заврши во финалната фаза на 12 јуни. Наддавањето ќе биде во живо.

Ракетната компанија го одбра 20 јули за прв суборбитален лет со разгледување на своите летала, што е пресвртница во конкуренцијата што ќе започне нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.

Ракетата и капсулата Њу Шепард се дизајнирани за автономен превоз на шест патници на надморска височина од над 100 километри над површината на Земјата.

Во 2018 година, Ројтерс објави дека Блу Ориџин планира да им наплати на патниците најмалку 200 000 долари за возењето, што се засноваше на проценка на плановите на противникот на милијардерот, Ричард Бренсон и неговата компанија Вирџин Галактик Холдинг, но се чини дека тоа се промени во меѓувреме.

Извор: Б92.нет