Русија протерала грчки дипломати за да ја санкционира Атина – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/18 9:30 AM

Русија протерала грчки дипломати за да ја санкционира Атина

Грчкото Mинистерство за надворешни работи го повика на разговор рускиот амбасадор во земјата, Андреј Маслов, во знак на протест поради одлуката на Москва да ги протера грчките дипломати. Се претпоставува дека Русија презела ваков чекор за да ја санкционира Атина, која во јули протера руски дипломати.

Од руското Министерство за надворешни работи, пак, велат дека го повикале грчкиот амбасадор и му дале белешка, информирајќи го за мерките што ги презема руската страна. Досега не се познати имињата на грчките дипломати кои се избркани.

Грција се правда дека во јули протерала двајца руски дипломати и забранила на двајца други луѓе да влезат во земјата бидејќи имале за цел да поткупат грчки функционери за да поттикнат демонстрации, со тоа да се спречи договорот со кој би можело да се дозволи на Македонија да влезе во НАТО. Русија ги отфрли обвинувањата, а нивниот амбасадор ги нарече „глупост“ обвинувањата што доаѓаат од Грција.

Дипломатски извори на „Катимерини“ во Атина реакцијата на Москва ја опишуваат како „асиметрична“. Истите, додаваат дека Атина во моментов одлучува како ќе постапи по овој чекор на Русија.

Макфакс