За подготовка на овој сладолед нема да ви треба ниту грам шеќер, а вкусот секако е феноменален. Доколку внимавате на вашата линија, овој сладолед ќе го обожавате.
Потребни состојки за три порции:
-3 смрзнати банани
-една рака смрзнати малини
-една рака смрзнати капини
-2 лажици какао
Подготовка:
Од овие состојки можете да направите три вкусови на сладолед.
Исечкајте три банани, па една банана и малина ставете во блендер и миксирајте. После тоа префрлете ја смесата во чинија и украсете со малини.
За другата порција во блендер ставете банана и капини, а третата порција ќе ја направите така што ќе измешате банана и какао и миксирајте во блендер и на крај префрлете ги во чинија и украсете со нарендана чоколада за готвење.
Извор: Стил.курир.рс