САД му забрани влез на поранешниот албански претседател Сали Бериша поради корупција – ММС
ММС

Објавено на: 05/19/21 6:17 PM

САД му забрани влез на поранешниот албански претседател Сали Бериша поради корупција

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен објави дека САД му забраниле на поранешниот албански претседател Сали Бериша и неговото семејство влез во САД.

Како што соопти Блинкен, причината за тоа е што САД официјално го сметаат поранешниот албански претседател и неговото семејство за корумпирани.

– Делата на корупција на поранешниот претседател на Албанија Сали Бериша ја поткопуваат демократијата во Албанија. Јас јавно ги прогласив Бериша и членовите на неговото потесно семејство за несоодветни за влез во Соединетите држави. Остануваме заедно против корупцијата со нашите партнери во Албанија – напиша Блинкен на Твитер.

На официјалната страна на Стејт Департментот исто така е објавено соопштение кое Блинкен го потпишал во кое се наведува дека Бериша како премиер на Албанија бил „вмешан“ во злоупотреба на јавните средства, како и дека влијаел на јавните процеси вклучувајќи моќ во сопствена корист и збогатување на своите политички сојузници и членови на семејството, на штета на довербата на албанската јавност во нивните владини институции и јавни службеници.

 

-Неговата сопствена реторика покажува дека тој е подготвен да се заштити себе си, членовите на неговото семејство и своите политички сојузници, на штета на независните истраги, антикорупциски напори и мерките на одговорност, се истакнува во соопштението.

Извор:  Espreso.co.rs