Жителите на општина Карбинци со поделени мислења. Едни мислат дека во амбулантите мора секој ден да има лекар, за други мобилните лекарски екипи се доволни. Градоначалникот на став, здравствената заштита мора да се подобри, таква каква што е не задоволува.
По однапред утврден редослед секој ден во текот на работната недела, екипа составена од лекар и медицинска сестра ги посетува селата во атарот на општина Карбинци. Така е уште од 2014 година од кога почна реализацијата на проектот мобилен рурален лекар во населените места каде што нема постојана здравствена услуга за жителите. Екипата на докторката Милена Серафимова Митрова, ја затекнавме во амбулантата во селото Крупиште. Тука пред пет години имаше докторка која што ја имаше земено амбулантата под концесија и работеше како рурален лекар, но по истекување на договорот таа си замина.
Жителите се известени за нашата работа и ако имаат потреба доаѓаат, тие што не можат ги посетуваме во нивните домови, вели Серафимова Митрова.
„Претежно ни доаѓаат лица со хронични болести. Доаѓаат најчесто за превентивни прегледи, мерење на крвен притисок, гликемија, холестерол во крвта,консултирање во врска со терапијата за болестите кои ги имаат. Се случува да има потреба од давање и аплицирање на ампуларна терапија. Ако во текот на денот се појави