ММФ предвидува умерена инфлација до крајот на 2021 година – ММС
ММС

Објавено на: 05/19/21 10:21 AM

ММФ предвидува умерена инфлација до крајот на 2021 година

„Монетарната политика е соодветна и треба сѐ уште да биде олабавена. Скорешното зголемување на инфлацијата најмногу се должни на глобалните фактори и е привремено. Во последните месеци, растот на глобалните цени на енергијата и на храната влијаеше врз инфлацијата. Иако веројатно ќе има некои преносни ефекти, се очекува дека инфлацијата ќе се намали во втората половина од годината. Се очекува дека потрошувачките цени ќе растат умерено – 2,2 проценти, во просек, во 2021 година„, стои во предвидувањата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предводена од Берглјот Баркбу.

Според ММФ банкарскиот систем во Македонија е добро капитализиран и ликвиден.

„Нефункционалните кредити веројатно ќе забележат одредено зголемување, со изминувањето на регулаторната флексибилност и со постепеното намалување на фискалната поддршка за фирмите. Важно е да се задржат строгите правила за класификација на ризикот и за  издвојување резервации за кредити, за да им се овозможи на банките да издвојат доволно резерви со кои би ги покриле потенцијалните загуби.“

Од Мисијата на ММФ ја нагласија и важноста на независноста на Народната банка.

„Зачувувањето на независноста во работењето на Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) е клучно за да се овозможи таа и понатаму да го остварува својот мандат за одржување на ценовната стабилност и заштита на финансиската стабилност, коишто се предуслови за одржлив економски раст“, стои во изјавата.

 

О.К.