Доживотен затвор за Французин и Германка за тероризам – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/18 8:50 AM

Доживотен затвор за Французин и Германка за тероризам

Ирачкиот суд осуди Французин и Германка на доживотен затвор откако беа прогласени за виновени за припадност на Исламската држава, објавија ирачките медиуми. Судијата Сухаил Абдула пред Централниот криминален суд изјави дека Французинот Лахсен Амар Гебуџ (55) и Германката Надја Рајнер Херман (22) биле прогласени за виновни за приклучување кон тврдокорната милитантна група. Херман беше претходно осуден на една година затвор за нелегално влегување во Ирак. Двајцата осуденици имаат право да се жалат на пресудата. Во Ирак неколку стотици луѓе се обвинети, од кои многумина странци, дека постојат сомневање дека припаѓаат на Исламската држава. ИСИЛ во 2014 година окупираше една третина од територијата на Ирак, но минатата година претрпе големи порази па ирачките власти прогласија победа над исламската држава.

 

Преземено од:tocka.com.mk