Не може од баба-девојка или може? Мадона изгледа 30 години помлада на новите фотографии – ММС
ММС

Објавено на: 05/18/21 6:44 PM

Не може од баба-девојка или може? Мадона изгледа 30 години помлада на новите фотографии

Кралицата на поп музиката, Мадона, неодамна ја изненади публиката со нови фотографии на кои изгледа буквално три децении помладо! Пластична хирургија, фотошоп или добар филтер – не знаеме за што станува збор, но пејачката дефинитивно не личи на некој што има околу седумдесет години.

Познатата 62-годишна пејачка моментално работи на нов албум, па поголемиот дел од времето го поминува во музичко студио, но и покрај тоа, не заборава на својата активност на социјалните мрежи.

Во последните неколку дена таа сподели голем број фотографии – некои од студија, некои кои се дел од рекламна кампања и сите изгледаат неверојатно млада.

Брчките и опуштената кожа за оваа дама се целосно непознати, а јасно е дека претрпела бројни третмани за подмладување и естетски корекции. Но, она што ги збуни нејзините следбеници на Инстаграм повеќе од сè е што Мадона не само што изгледа помладо, туку едноставно – поинакво, до тој степен што и е сменет обликот на лицето.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Оваа трансформација славната Американка ја сподели со публиката – додека некои се восхитуваа на нејзиниот изглед, некои не се двоумеа отворено да ја критикуваат.

Извор: Espreso.co.rs

Преведено: М.П.Насковска