Кралицата на поп музиката, Мадона, неодамна ја изненади публиката со нови фотографии на кои изгледа буквално три децении помладо! Пластична хирургија, фотошоп или добар филтер – не знаеме за што станува збор, но пејачката дефинитивно не личи на некој што има околу седумдесет години.
Познатата 62-годишна пејачка моментално работи на нов албум, па поголемиот дел од времето го поминува во музичко студио, но и покрај тоа, не заборава на својата активност на социјалните мрежи.
Во последните неколку дена таа сподели голем број фотографии – некои од студија, некои кои се дел од рекламна кампања и сите изгледаат неверојатно млада.
Брчките и опуштената кожа за оваа дама се целосно непознати, а јасно е дека претрпела бројни третмани за подмладување и естетски корекции. Но, она што ги збуни нејзините следбеници на Инстаграм повеќе од сè е што Мадона не само што изгледа помладо, туку едноставно – поинакво, до тој степен што и е сменет обликот на лицето.
View this post on Instagram
Оваа трансформација славната Американка ја сподели со публиката – додека некои се восхитуваа на нејзиниот изглед, некои не се двоумеа отворено да ја критикуваат.
Извор: Espreso.co.rs
Преведено: М.П.Насковска


