Граѓаните, кои денеска поминаа на Градскиот плоштад во Штип беа прашани дали биле жртва на корупција или дел од случај на корупција и како постапиле. Поголемиот дел од нив биле изненадени дека и тие како граѓани може сами да пријават, преку поднесување претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Ова е генералниот заклучок од инфо денот, кој во центарот на Штип го одржа Фондацијата за развој на локалната заедница (ФРЛЗ) – Штип во соработка со Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) и локални здруженија.
Настанот е дел од активностите за подигање на свеста на граѓаните за пријавување на корупција и промоција на мандатот и улогата на Државната комисија за спречување на корупцијата. На минувачите им беа поделени флаери со информации и контакти како да пријават корупција или сомнежи за коруптивни дејствија до ДКСК.
Комисијата, согласно надлежностите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, постапува по пријави од физички и правни лица за сомнежи за корупција и судир на интереси.
Помош во пријава на корупција граѓаните може да добијат и локалните канцеларија. Во штип тоа е канцеларијата на Фондацијата за развој на локалната заедница (ФРЛЗ).