Фондот за здравствено осигирување на Македонија потврди дека по направената анализа на проблемот кој се јави со неможноста да се реализираат рецепти во аптеките поради прекин на податочната комуникација од Мој Термин кон ФЗО, комуникацијата е повторно воспоставена.
„Во врска со проблемот што се јави со неможноста да се реализираат рецептите во аптеките, Ве известуваме дека е направена анализа на проблемот и утврдено е дека почнувајќи од вчера , во доцните попладневни часови, до денес во раните утрински часови, податочната комуникација која оди од Мој Термин кон ФЗОРСМ, била прекината и со тоа била оневозможена валидацијата за пропишување рецепти и реализацијата на лекови.
Комуникацијата е повторно воспоставена и матичните лекари непречено можат да пропишуваат лекови што осигурениците без проблеми ќе можат да ги реализираат во аптеките“.
О.К.