Најмалку две лица загинаа, а над 60 се повредени во пожарот кој што изби после сообраќајната несреќа на автопат во близина на аеродромот во италијанскиот град Болоња.
Италијанската полиција објави нова снимка од експлозијата на која што се гледа како цистерната која што превезувала запаливи материјали удира во задниот дел од камионот, а после судирот следуваше серија на експлозии.
Сето тоа траело 10-тина минути, а поради силната експлозија делумно бил уништен и дел од мостот, а пожарот се проширил и на паркингот под мостот. Таму оганот зафатил уште неколку возила кои што исто така експлодирале.
Голем број на луѓе се повредени од исекотини откако пукнале речиси сите прозори на околните објекти. Италијанските медиуми пренесуваат дека најмалку десет возила експлодирале.
Преземено од: tocka.com.mk