Како во филм: Ѓоко Јовиќ по четврти пат ќе стане татко – Ќерка им Теодора вечер подготвува журка, за да им го каже полот на бебето – ММС
ММС

Објавено на: 05/18/21 1:35 PM

Како во филм: Ѓоко Јовиќ по четврти пат ќе стане татко – Ќерка им Теодора вечер подготвува журка, за да им го каже полот на бебето

Популарниот фолк пејач Ѓоко Јовиќ по четврти пат ќе стане татко. Неговата сопруга Ивана е во четвртиот месец од бременоста и вечерва, на специјална изненадувачка журка на среќните родители ќе им биде соопштен полот на бебето. Ѓоко со ММС ја сподели радосната вест за проширување на семејството и призна дека едвај чека да го дознае полот.

-Утрово сопругата Ивана, ќерка ни Теодора и кумата  заминаа заедно на лекарскиот преглед, кога и ни го соопштија полот на бебето. Но, по желба на Теодора ,јас и Ивана не знаеме каков пол е, бидејќи таа вечерва  подготвува специјална журка за нас, кога и ќе ни бидат соопштени убавите вести. Теодора ги следи трендовите, па затоа  розев или син балон ќе стават во црн балон, кој ќе го пукаат и во зависност од тоа каква боја е балонот, такво е бебето. Јас не можам да издржам до вечер, овие четири часа откако се вратија од лекар ми се катастрофа, горам од љубопитство, а не знам како Теодора, која има 13,5 години издржува да не се издаде, вели среќно Ѓоко.

За Ѓоко и Ивана ова е четврто дете, тие ги имаат Теодора, потоа е Михаил ( 11.5) и Јоан (4,5).

-Ивана сакаше а и јас сакав да бидам искрен, така да планирано бебе е.  Пандемијата ја искористивме за уште бебе, бидејќи нема настапи.  Децата се богатство и јас и Ивана сакавме да имаме големо семејство. Искрено прво сакавме, па се предомисливме, но ете се случи. Ама убаво ни е, ма најубаво ни е. Децава се пресреќни едвај чекаат бебето да се роди.  Ивана е во чертвртиот месец од бременоста, се очекува да се роди кон крајот на октомври и почетокот на октомври, вели весело и во исчекување пејачот.

Големите семејства во денешно време се реткост, но  семејството Јовиќ решило да си ја исполни младешката замисла, кога Ивана и Ѓоко биле во врска и кога си ветиле какво семејство ќе имаат.

-Јас сум богат човек,  децата се најголемото богатство. Уживаме кога сите сме дома заедно и секогаш ни е весело, многу пати досега рекол Ѓоко, кој за бракот со Ивана велат дека им е совршен.