Поранешниот младинец на скопски Вардар и довчерашен играч на Беласица, Бесар Гуџуфи, стави потпис на договор со турскиот шампион Бешикташ.
На 16-годишна возраст Гуџуфи ја промени средината и во клубот од црно-белиот дел на Истанбул ќе игра во следните години. Деталите за сумата што Турците ја исплатиле на струмичкиот тим засега не се познати.
Трансферот во Бешикташ го потврди и самиот играч од навалната линија на социјалната мрежа „Твитер“, каде што позираше со дресот на турските прваци.
-Многу сум среќен што дојдов и ќе играм за најквалитетниот тим во Турција, напиша кратко Бесар Гуџуфи.
Во полусезоната за Беласица, Гуџуфи забележа два погодоци и три асистенции.