Петмина гостиварци денес околу 02:00 часот се приведени и задржани во полициската станица, откако при претрес извршен во деловен објект кој го користи И.С и подрумска просторија, бил пронајден и одземен кокаин, марихуана и предмети со остатоци од наркотична дрога.
-Денеска (18.05.2021) околу 02.00 часот од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – недозволена трговија со дрога и оружје во соработка со Полициска станица Гостивар лишени од слобода се Г.Д.(27), С.С.(27), И.С.(39), Ф.И.(27) и А.Б.(32), сите од Гостивар, информираат од МВР.
По документирањето на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.