Според светските медиуми, Аријана Гранде викендов тајно се омажила. Според “TMZ” поп-пејачката му кажала „да“ на својот избраник, Далтон Гомез.
Аријана ја откри врската со Далтон во спотот за песната „ Stuck with U“, кој го сними во дует со нејзиниот колега Јустастин Бибер, пред точно една година.
View this post on Instagram
Двете можеби најголеми американски тинејџерски ѕвезди тогаш ги вкрстија гласови во песната со одлуката целиот приход од продажбата да го донираат во добротворни цели, што само по себе предизвика лавина од позитивни реакции. Покрај тоа, видеото кое го следеа видеа што им ги испраќаа обожавателите, но и некои познати личности, доби и одлични критики, а моментот за кој најмногу се зборува е оној во кој Аријана танцува и го бакнува своето ново момче.
Тие направиле тајна церемонија со само неколку гости.
– Венчавката беше мала и интимна, со помалку од 20 луѓе. Двојката е пресреќна, како и нивното семејство – изјави за “People” ПР на Аријана.
Гомез, кој инаку е агент за недвижнини, стана интересен за светските медиуми уште во март минатата година, кога се појавија првите шпекулации дека го освоил срцето на Гранде.
Фото: vijesti.ba


