Словенечка фирма им плаќа по 70 евра на вработените кои ќе се вакцинираат – ММС
ММС

Објавено на: 05/17/21 9:08 PM

Словенечка фирма им плаќа по 70 евра на вработените кои ќе се вакцинираат

Словенечка компанија „ETI Izlake“ им плаќа по 70 евра на секој работник кој се вакцинира против Ковид-19, јавува агенцијата ХИНА.

Со тоа, оваа фирма која произведува електрични апарати и опрема, стана прва во Словенија која се одлучила финансиски да ги стимулира работниците да се вакцинираат против коронавирус.

Оваа мерка ги опфаќа како вработените, така и привремено ангажираните преку агенцијата за вработување, а потребно е само до средината на август докажете дека сте вакцинирани.

-Со ова сакаме финансиски да ги стимулираме нашите вработени да се вакцинираат и да обезбедиме сигурно работно опкружување, рекол за медиумите генералниот директор Томаж Бергинц.

Тој додал дека неговата компанија извезува дури 90 отсто од своите производи, поради што неможе да дозволи големи прекини во производството поради боледувања.

Финансиско поттикнување за вакцинирање се воведува по примерот на големите меѓународни корпорации како Старбакс, Мекдоналдс, Алди и Лидл, кои порано се одлучиле на овој чекор, објаснил Бергинц.

Но, синдикатот на вработените е скептичен, некои вработени рекле дека не сакаат да се вакцинираат и се противат на воведувањето на „дискриминација“ помеѓу вакцинираните и невакцинираните.

Извор: Рс.н1инфо.ком