Причините за развод на бракот можат да бидат ситници како дневни навики кои ве нервираат кај брачниот партнер, но и голем проблем, како што е дека вашиот партнер има дете за кое не сте знаеле.
Екипата на „BuzzFeed“ ги прашала бракоразводните адвокати со читателите да ги споделат најбизарните причини поради кои паровите се разделуваат. На нив се надоврзале и случаи кои ги раскажале читателите. Некои од нив ќе ве остават без текст.
1.„Типот се развел од жената бидејќи секое утро прашувала какво кафе пие, и така седум години.“
2.„Познавав пар кој се раздели откако жената го затекна мажот како си трие фекалии од нивното бебе по целото свое тело“.
3.„Еден клиент ја остави сопругата затоа што ја запросил еден од турските принцеви од интернет измамите. Таа паднала на тоа, сакала да му испрати голема сума на пари, да се пресели во Турција и да се омажи за него.“
4.„Една од моите колешки од работа се разведе седум пати. Еднаш го остави мажот бидејќи бил премногу згоден, па поради тоа не можела да му верува дека ќе и остане верен. Од другиот се развела бидејќи и донел погрешен вид хот-дог, не тој по кој го пратила“.
5.„Типот сакал да се разведе од сопругата бидејќи секогаш оставала траги од фекалии по вц школка“.
6.„Сестрата на мојата пријателка е вегетаријанка. Еднаш мажот и подметнал месо и риба наместо вегетаријанска замена за храна. Кога дознала, се развела од него“.
7.„Пријателката го остави мажот бидејќи во неговиот мобилен пронашла пораки во кои ги навредува нејзините кучиња во разговор со својата пријателка“.
8.„Мама рече дека капката која ја прелила чашата во нејзиниот брак со мојот татко била кога дознала дека тој троши по 100 евра неделно во Старбакс.“
9.„Мажот сакал развод бидејќи сопругата и понатака го бришела задникот на својот здрав син тинејџер.“
10.„Го оставила кога дознала дека има дете за кое никогаш не и кажал“.
Извор: Супержена.б92.нет


