Среќна сум што пораснав дете без предрасуди, Миа има срце за сите – Со примариус д-р Маја Кирјас за убавините на мајчинството – ММС
ММС

Објавено на: 05/17/21 7:10 PM

Среќна сум што пораснав дете без предрасуди, Миа има срце за сите – Со примариус д-р Маја Кирјас за убавините на мајчинството

Најубавото чувство за една жена е да биде мајка. Особено ако е мајка на ќерка, тогаш за цел живот си ја има најдобрата другарка, најголемата поддршка и секако взаемна љубов која нема граници. Е таков е односот на примариус д-р Маја Кирјас од Универзитетската клиника за уво, нос и грло, со нејзината ќерка Миа. Таа за ММС го сподели нејзиното искуство, како е да се биде мајка на девојче, а на сите мајки им советува да се смејат со своите деца, да се радуваат на мали работи, да патуваат заедно и секако, како две најдобри другарки, да пијат кафе заедно. Но, за да детето израсне во добра личност, таа вели,  дека секако е потребно многу совети, многу насоки и нормално, непроспиени ноќи додека детето не застане на цврсти нозе. Впрочем тоа значи и мајчинството, грижа за наследничката на мајчините чекори.

Велат дека односот мајка-ќерка е многу комплексен, нешто што само мајките и ќерките може да го искусат и разберат. Зошто е тоа така и каков е вашиот однос со Миа?

-Како мајка мора да дадете многу љубов, поддршка, разбирање и толерантност на своето дете. Вие сте сликата какво ќе биде вашето дете. Мајката има одлучувачка улога во емотивното развивање на детето. Неопходно е да дадете  сигурност, сила и поттик да  успее. Љубовта меѓу мајка –ќерка е нешто посебно, нешто што со зборови неможе да се опише или да бидам попрецизна јас не можам да го опишам тоа силно емотивно чувство. Можам слободно да  кажам дека топлите взаемни прегратки, гушкања се назаменливи и неспоредливи емоции со ништо друго. Едноставно мојата ќерка ми ја топли душата и срцето.

Кој е најубавиот или најкорисниот совет, од многуте,  кој си и го дала на Миа?

-Се смешкам додека го одговарам ова, бидејќи не би дефинирала дека сум дала “совет”, туку мноштво на совети, па дури при набројувањето и не би знаела од каде да почнам. Ја советувам да има свој став. Да знае да почитува и правилно да ги согледува вредностите кај луѓето. Да има позитивна и убава мисла, која секогаш води кон успех. Секогаш да ја гледа светлата страна на работите. Кога една врата ви се затвара, друга силно ќе светне. Никогаш да не се врти назад, туку  гордо да чекори напред. Ја советувам да биде насмеана и весела, бидејќи позитивната енергија отвара многу порти. Посакувам да биде како мене, упорна во своите замисли и намери и никогаш да не се откажува. Ако за мене не постои невозможно, истото и на Миа и го велам. Не постојат невозможни работи, постои само полесен и потрновит пат да се дојде до саканата цел. Само храбрите и оние кои црвсто чекорат имаат загарантиран долгорочен успех. Ја учев да биде своја, да биде горда. Нема поубаво чуство кога имате чиста совест и глава крената горе. Никогаш да не потклекнува по некој неусех, напротив тоа да и е мотив за уште поголем успех. Јас сум поприлично темпераментна, импулсивна и не поднесувам неправди. Неретко бурно реагирам и сум невиден борец. Сакам луѓе кои имаат храброст да ги истераат работите до крај. Истото ја советувам и ќерка ми Миа. Честопати ќе речат убавината помага да успеете во своите цели. Не! Исклучиво вашето образование, интелектуална надградба и големото познавање на работите се оние кои ќе ве направат да сте силни и незапирливи.

Колку е тешко за една мајка да се помине тинејџерскиот период на ќерката?

-Секако дека лесно е да го фатите малото детенце  за раце и одите каде вие сте наумиле, но кога ќе порасне детето има свои желби. Тоа е период кога вие како мајка треба да имате поголема толеранција, разбирање. Морам да бидам искрена дека немав воопшто потешкотии кога ги  минуваше  тинејџерските денови.

Велат мајките и ќерките треба да се другарки, за да мајката знае се што се случува со ќерката. Каков е вашиот однос?

 

-Миа и јас сме ќерка-мајка, повеке од другарки. Мислам дека не постои нешто што  незнам за своето дете. Се советува за се, но и дава извонредни совети кои многу ми значат. Нема потреба да крие од мене бидејќи заеднички секогаш ќе изнајдеме подобро решение. Никогаш не и било лимитирано времето за излегување, а јас ја чекам небитко колку е часот. Се враќа и ми ја раскажува весело вечерта. Можеби два часа сон некогаш е напорно да имате, но верувајте вреди да го сочекате своето дете. Не сум мајка која може мирно да спие незнаејќи каде ми е детето. Поврзани сме премногу. Јас сум мајка која  многу време поминува со своето дете и истото им го советувам и на другите мајки. Смејте се со своите деца, радувајте се на мали работи, патувајте заедно, пијте кафе во кафуле заедно. На Миа многу работи и ги објаснив реално од мала, ги имам кажано добрите  и лошите страни на  нештата. Среќна сум што порасна и е дете без предрасуди. Не ги учете децата да им судат на другите, учете ги да се гледаат себеси и да бидат добро изградени личности.

Дали се мешаш во изборот на дечко и дали има совети од типот –овој е добар, а овој не?

-Ниту една мајка не е рамнодушна со кого ќе биде во врска вашето дете. Не се мешам во нејзиниот избор, но знам да дадам совет. Доволно е паметна да направи правилна проценка. Единствено што посакувам е да биде вистински сакана и да сака! Миа е крајно емотивна и чувствителна, голем пријател. Но, потсетува на мене со маската која ја има на себе. Едноставно не дозволува да биде емотивно повредена. Љубовта на партнерот подразбира да сте почитувани како личност, да сте  сакани, да постои взаемна доверба. Доколку партнерот  ви врши тортура психички со љубоморни или било какви патолошки испади тогаш не губете време, животот ви е даден вам да уживате, да се смеете, да ви бидат отворени сите ѕвездени патеки. Затоа ќе ја поддржам секоја врска кога ќе го гледам своето дете насмеано и среќно! Агресивноста не ја ни споменувам бидејќи најостро ја осудувам! Како лекар ќе напоменам дека дечко или маж кој врши психолошко и физичко малтретирање на женскиот пол е несигурен машки лик, без самодоверба и истиот веднаш треба да го одстраните од својот живот. Секако ова е совет кој го давам на сите женски чеда, но и на своето дете. Сублимирано ја советувам Миа да ја даде љубовта на личноста која вистински го засужува тоа.

Има ли добар зет за една мајка? Кои квалитети потенцијалнот зет треба да ги има?

-Секако дека има добар зет. Вие не го бирате “зетот”, туку вашето дете. На вас е да го почитувате изборот. Квалитети кои треба да ги поседува  секако е да го сака и почитува моето дете, да го сака своето потомство, да има широко срце полно со љубов кон сите, да биде пред се човек, се друго е небитно!

Дали сте од типот мајки-керки кој се слусаат по 100 пати дневно?

-Ух… најтешко прашање.  Да, сум мајка која го бара своето дете ,а и Миа е дете која често ме бара.

Ако се суди според убавината, што би рекла каква мајка-таква ќерка, но кои други особини Миа ги наследи од тебе?

-Веќе напоменав дека убавината е релативна и можеби небитна во животот. Битно е да имате самодоверба, да се сакате себеси и да сте вие лично задоволни од вашиот изглед. Не барајте околината да ве сака.  Миа доста потстува на мене. Како расте се повеќе сличности има. Борбена е и сака да ја истера правдата на површина. Авторитет е личност која ние ќе ја фаворизираме, не наметнат лик. Поприлично сме скептични и ни треба време да веруваме во личноста со која се дружиме, комуницираме. Пријателствата ни се свето нешто кое двете го сметаме за големо богатство. Емотивноста ни е исто така заедничка особина. Сакаме животни, сакаме да подадеме рака на оние на кои им е потребна, сакаме среќни луѓе околу нас. Сакаме патувања, сакаме музика. Миа истотака има сенс за хумор на своја сметка. Има извонредна маска непокажувајќи ги своите емоции да не биде повредена. Миа има срце за сите. Дете кое сака да помогне на беспомошни, тажни, да подели се што има. Нереткно не и било возвратено адекватно и да, тажна е, но станува јака! Сака искреност бидејќи и самата е премногу искрена и чиста во својата душа. Ја учам да не биде премногу ранлива. Луѓето знаат да бидат сурови, едноставно таквите да ги игнорира.

Колку знае Миа да се советува со тебе од најобични нешта, како што е-што да облечам, до многу други животни одлуки?

-Совет за облекување? Ситуацијата е во случајов обратна.  Миа ми дава совет за естетика, неретко оди да купи што и се допаѓа да облечам. Има неверојатно префинет и рафиниран вкус. Тука  јас учам од неа. За сите животни одлуки се советува. Две мислења даваат подобар резултат. Но, морам да кажам дека и покрај некој мој совет сепак конечната одлука ќе ја донесе сама.

Ти си успешна мајка, па како ја гледаш иднината на Миа? Кои се нејзините ѕвездени патеки?

-За да станете успешни треба да работите на себе, на своето едуцирање и секако да поминат години да се докажете на полето кое го работите. На Миа секако дека гледам отворени  ѕвездени  патеки, кои ќе ги изоди со брзи чекори. Сигурна сум дека ќе биде поуспешна од мене. Како мајка мора да имате позитивни мисли кон се. Токму така се усмерени и моите. Нема причина да не успее во своите замисли, има само јака желба и силна поддршка која и ја давам.

Што кога Миа ќе се омажи?

-Тоа ќе биде исклучиво нејзина одлука кога ќе биде и со кого. На мене е да бидам поткрепа и да останам во добра кондиција. Веќе кажав дека ќе бидам секогаш тука кога ќе му бидам потребна на моето дете.

Подготвена ли си да станеш баба?

-Животот е непредвидлив. Никогаш работите не одат по план или некој одреден терк. Едноставен човек сум и секогаш сум подготвена за се што е убаво во животот.