Не долго откако официјално е објавен датумот за премиера на новата епизода на популарните „Пријатели“, 27.мај, „Booking.com“ нуди единствено искуство.
За помалку од 20 долари можете да престојувате во њујоршката реплика на станот и останатите простории во кои е снимана една од најпопуларните американски серии, пишуваат американските медиуми.
Во хотелот The Friend Experience, сместен во Менхетен на 130 исток, 23-та улица и Авенија Лексингтон, на заинтересираните им нуди ноќевање во њујоршкиот апартман на Моника и Рејчел за само 19.94 долари, пренесува порталот Индекс.
Иако сцените од серијата од внатрешноста беа снимени во студио во Лос Анџелес, надворешноста на зградата во која живееја познатите “пријатели“ се наоѓа во Њујорк.
The Friends Experience е двоспратен простор во кој посетителите имаат на располагање 18 простории со оригинални реквизити и костими и можно е да се рекреираат најпознатите сцени од серијата.
Заинтересираните можат да уживаат во станот во кој живееле Моника и Рејчел и да се опуштат на каучот на Чендлер и Џои откако одиграле партија мал фудбал или испробале некои од оригиналните костими од серијата.
Цената за едно ноќевање само овој пат изнесува 19.94 долари, што е симболична цифра, бидејќи првата епизода од серијата премиерно е прикажана во 1994 година, а можно е да се резервира престој од максимум две ноќи.
Резервациите можат да се направат од 21.мај за престој во апартманите во недела, 23.мај или во понеделник 24.мај.
Извор: Б92.нет/Фото:Shutterstock