Исчезнаа три лица во последното деноноќие – ММС
ММС

Објавено на: 05/17/21 4:25 PM

Исчезнаа три лица во последното деноноќие

Во текот на вчерашниот ден пријавени се вкупно три исчезнати лица, од кои две се од Скопје и едно лице од Велес, информираат од МВР

Вчера во 23.55 часот во СВР Велес, В.Т. од Велес пријавил дека од дома се оддалечил неговиот вујко М.А.(66).

Во 14.30 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Д.(62) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечил неговиот син С.В.(40), кој имал здравствени проблеми.

На 16.05.2021 во СВР Скопје, М.Д.(47) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечил неговиот син Р.М.(24).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Моника П.Насковска