Едно лице е тешко повредено, а пет полесно во осумте сообраќајни незгоди што вчера се случиле на подрачјето на Град Скопје.
МВР соопшти дека сообраќајната полиција санкционирала 36 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената, а 24 биле исклучени од сообраќај. Шестмина од исклучените возеле под дејство на алкохол, 13 управувале без дозвола, а двајца биле почетници. При контрола на возилата, полицијата од сообраќај исклучила 10 возила од кои девет биле не регистрирани и едно технички неисправно.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 46 возила.