Твитер воведува нова опција – „Twitter Blue“, до неа со претплата – ММС
ММС

Објавено на: 05/17/21 2:49 PM

Твитер воведува нова опција – „Twitter Blue“, до неа со претплата

На почетокот на мај, компанијата објави дека ќе лансира нова опција, според која корисниците на социјалната мрежа ќе плаќаат месечна претплата и ќе имаат различни поволности.

Сега е потврдено дека „Twitter Blue“ излегува и ќе чини 2,99 долари месечно.

Првото нешто е „колекција“ – омилените твитови можете да ги зачувате во посебен дел.

Следно е прелистување без реклами, и тука е најважната опција за твитерџиите-  складирање и уредување на твитови.

Ќе има  и „супер следење“, каде што сепак ќе мора да дадете пари за претплата за да следите одредени луѓе.

извор: b92