Актуелните состојби и прашања како и активностите од работата и надлежностите на Народниот правобранител, биле тема на рзаговор меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери и народниот правобранител, Насер Зибери на денешната средбата по повод предавањето на Годишниот извештај за работата на Народниот правобранител за 2020 година.
На средбата, како што информираа од прес службата на Собранието, присуствувала и Сузана Салиу, заменичка на Народниот правобранител. Омбудсманот Зибер меѓу другото, зборувал и за кадровските прашања во институцијата која ја претставува, за природата и бројот на поднесените претставки кои граѓаните ги доставуваат со намера на остварување и заштита на нивните граѓански права како и за влијанието на пандемијата со ковид – 19 во природата на поднесените претставки и работата на институциите.
Џафери и Зибери констатирале дека односот на институциите Народен правобранител и Собрание на Република Северна Македонија е добар, ефикасен и коректен во однос на Годишниот извештај. Џафери најавил дека пратениците ќе бидат информирани навреме и дека се очекува и отпочнување на собраниската процедура за разгледување на Извештајот и усвојување на препораките што ќе произлезат од него.