Денеска во Струмица почна со работа регионалниот вакцинален пункт кој ќе ги опслужува граѓаните од струмичкиот регион но и од општините од Југоистокот. Дневно се очекува да бидаат вакцинирани и ревакцинирани по околу 500 лица, меѓу кои и сите пациенти кои добиле термин за вакцинација во Штип. Од таа причина пред спротската сала при ООУ Никола Вапцаров се создаде гужва каде дојдоа и сите лица кои за денеска и деновиве добија термин за вакцинирање во Штип.
Струмичани изразија задоволство од организацијата на регионалниот вакцинален пункт, но како што кажаа не и од односот на граѓаните кои сакаат преку ред и предвреме да завршат со вакцинација.
Досега во Струмица се вакцинираа само повозрасните лица кои закажуваа термин преку матинчен или преку вакцинација.мк. Здравствените власти укажуваат дека секој што сака да се вакцинира ќе треба да се пријави на вакцинација.мк при што ќе биде добие термин. Од Здравствен дом Струмица велат дека вакцини има во доволни количини.
Ване Трајков