Неприфатлива е дискриминација врз база на сексуална ориентација, порача Заев по повод Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата – ММС
ММС

Објавено на: 05/17/21 1:13 PM

Неприфатлива е дискриминација врз база на сексуална ориентација, порача Заев по повод Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата

Дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет е неприфатлива за Северна Македонија, држава како дом во кој сите се еднакви, напиша премиерот Зоран Заев на својот „Фејсбук“ профил, по повод Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата.

-Денеска е Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. Убав ден да застанеме во заштита и да им оддадеме почит на сите што ги бранат и промовираат правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата. Да порачаме дека во борбата за еднакви можности, без оглед на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, секој може да го даде својот придонес, напиша тој.

Заев потенцираше дека солидарноста и промоцијата на правата за сите луѓе што припаѓаат на ЛГБТИ заедницата и на сите обесправени групи и ранливи категории, е суштинска одлика на нашиот концепт „Едно општество за сите“.